Во среда “Open Mic” (Отворен микрофон) во ЏезИн

 Оваа среда, на 23.05. со почеток во 21:00 часот, по четврт пат ќе биде одржана „Open Mic“ (Отворен Микрофон) вечер во ЏезИн.

 Ваквиот настан е посебен вид на „стенд ап“ перформанс, во кој секој кој сака може да се „испроба“ со сопствен материјал и да настапи пред публиката.
 Веќе три настапи со ред Охридската публика во ЏезИн ја забавуваат Зоран Донев, Сара Наумоска, Никола Силјаноски, Илија Богданоски, Јован Цветкоски, Младен Јулоски, Милош Ристевски и Јордан Коцевски. Домаќин на настанот е познатиот охридски стенд ап комичар Никола Тодороски.

    Не заборавајте, во среда бидете во ЏезИн!