Матурска парада 2018! (видео+фото)

  Охридските матуранти од четирите средни училишта  ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методи“ , ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ “Ванчо Питошески“, беа дел од манифестацијата Mатурска парада 2018 што вчера точно на пладне се одржа  на  плоштадот „Св. Климент Охридски“  во Охрид.

https://www.youtube.com/watch?v=QFPqvrfyGtE



 Пред бројната публика  досегашните ученици  го заиграа познатиот квадрил  на музика од операта "Лилјакот" од Штраус.


 
  Матурската парада  за прв пат се одржа во Љублјана – Словенија во далечната 2001   годинава, а во Македонија се одржува од 2007 година.  Годинава охридските матуранти истовремено танцуваа „Квадрил“ со нивните врсници од шеесетина  држави од Европа меѓу кои се  Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Украина.