Солиден успех за основците од "Григор Прличев" на државниот натпревар по англиски јазик

 Изминатиот викенд во гимназијата “Нова” во Скопје се одржа државен натпревар по англиски јазик, на кој учениците од основното училиште “Григор Прличев” од Охрид постигнаа солидни резултати.

Најуспешен од охридското училиште беше Иван Буриќ од V одделение со освоено второ место, под менторство на Елена Пендова. Под менторство на истата наставничка, Ива Ашталкоска од V одделение доби пофалница.

Шестоодделенката Катерина Балева го освои четвртото место, под менторство на Кире Рибар.

Пофалница доби и Виктор Попов кој е седмоодделенец, а беше под менторство на Билјана Маркоска.

И деветтоодделенката Илина Нестороска доби пофалница, а за натпреварот се подготвуваше под менторство на Верица Симоноска.