Збороигри 2 од Славе Ѓорѓо Димоски наградена на Саемот на книгата во Скопје

  Вчеравечер во просториите каде се одржуваше Саемот на книгата, (ВИП Арената Борис Трајковски во Скопје), традиционално беа доделени книжевните награди за најдобрите меѓу двата Саеми, во различни категории.


 
  Меѓу наградените е и книгата за деца Збороигри 2 од Славе Ѓорѓо Димоски, која ја доби втората награда за најдобро илустрирана книга или сликовница. Илустрациите во книгата се дело на Јулијана Величковска, а со својата колоритност и живописност, измамуваат интерес и детски насмевки.

 Наградата ја доделува Здружението на издавачите и книжарите на Република Македонија, преку жири комисијата во состав:  проф. д-р Александар Прокопиев – претседател на комисијата и членовите проф. д-р Иван Џепаровски и д-р Ацо Пероски. Дипломите на наградените книжевници им ги доделуваше претстедателот на Здружението, Горјан Лазаревски.