Утре завршува 30-от Саем на книгата во Скопје

 
  Љубителите на пишаниот збор, од 3 до 9 мај имаат можност да уживаат во нови, но и веќе познати наслови кои на Саем може да се „уловат“ по сосема достапни цени.



     Годинешното издание на Саемот е јубилејно, 30-то по ред, а новитет оваа година е локацијата на истиот, кој се одржува во ВИП Арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Учествуваат сите значајни издавачки куќи од Македонија и регионот, а по повод јубилејот, Скопски саем за сите организирани групни посети на ученици обезбеди бесплатен влез.

   ПНВ Публикации  редовно ги промовираат и нудат своите изданија на Саемот на книгата и она што е заедничка констатација на луѓето од оваа издавачка куќа  е дека посетеноста на саемот се движи праволински изминативе години, а тоа значи дека е добра, но секако може и треба да биде уште поголема. 



   Јулијана Величковска (автор и основач на ПНВ Публикации) е со став дека за нештата да се подобри, саемот треба да се одржува на есен, во октомври, кога е започната училишната година и семестрите, кога луѓето поголем дел од своето време го минуваат дома и внатре, па поради тоа и имаат повеќе време за читање.




     Понудата на нови изданија на Саем расте секоја година и она што, можеби, е најинтересно за посетителите, а беше најавено од издавачките куќи, беше претставувањето на нивните нови изданија на промоции, средби со автори, како и големите саемски попусти.