Црвен крст Охрид ќе ја одбележи Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

  
   На 8-ми мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8-ми мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.


   По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото Насекаде за секого. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

 На 8-ми мај 2018 (вторник) во 10:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид), а истиот ден од 10:00 часот ќе се одвива крводарителска акција во Факултетот за туризам и  угостителство –Охрид.

 На 9-ти мај, во среда, во 11:00 часот ќе биде отворен ИНФО ДЕН во седиштето на Црвен крст Охрид, за децата од предучилишните установи и учениците од основнитеучилишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

Од  8 – 15 мај на сите новороденчиња родени на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид, и на нивните мајки, Црвен крст Охрид ќе им додели пригодни и корисни подароци.
Неделата на Црвен крст ќе биде заокружена со Работилници за дисеминација – ширење на знаењата за Црвениот крст со волонтерите на Црвен крст Охрид.