Охрид и овој јуни ќе трчаТ за ретките!

    Оваа година по втор пат  ќе се одржи спортската манифестација Охрид трчаТ.

    Охрид трчаТ е производ на  желбата за еден поинаков и поинтересен Охрид, Охрид во кој улиците ќе се користат за трчање и рекреација, Охрид во кој ќе се дружат и забавуваат сите од најмладо до најстаро. Охрид трчаТ покажа уште во првата година дека интересот за овој вид на рекреација е многу голем и многу потребен. Уличните трки од ден на ден се повеќе се етаблираат низ улиците на многу градови во светот но посебноста на Охрид трчаТ како трка е во тоа што на сите учесници им дава ретка можност да се рекреираат и да се дружат со градот со жива култура и природни богатства кои опстојуваат 2500 години.
 
  Како и првата година, Охрид трчаТ 2018 им нуди на сите професионалци, рекреативци и тркачки ентузијасти неколку трки и тоа трка на 10 и 5 километри и тим билдинг трка како дел од трката на 5к.

 Пријавувањето е во тек, па без двоумење пријавете се и вие и станете дел од овој, пред се, рекреативен хепенинг, и поддржете ги пациентите со ретки болести.