Малку ноќна музика низ охридската чаршија

  Ова е само еден од повеќето улични уметници кои ги има низ охридската чаршија, а со нивното побројно присуство  веќе се навестува летната сезона, кога чаршијата е исполнета со разновидни уметници, занаетчии и други активисти кои им нудат на минувачите дел од своите творби, а за возврат добиваат скромна заработка.

  Најбројни од сите се токму уличните музичари кои деновиве веќе си одбрале на плочникот свое катче за музицирање, да ги привлечат  случајните минувачи, обожаватели на музиката.