Пролетта започна со дождови и зимски прогнози

 
 И на почетокот од пролетта се задржува влажниот бран, а со тоа и можноста за обилни врнежи од дожд, какви што имавме утрово. Моменталната температура изнесува 6˚С, а максималната дневна ќе достигне до 11˚С. Денес се очекуваат почести периоди со дожд и грмотевици, а слично но постудено ќе биде и во текот на утрешниот ден, кога максималната температура ќе изнесува 6˚С. Ваквите релативно ниски температури и изразените врнежи, според метеоролозите, се очекува да траат до средината на наредната недела.