Водата за пиење во неколку охридски села е со лош квалитет - апел да не се користи

 
 При извршената редовна контрола на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид извршена на 06 и 7.03.2018 од страна на Центарот за јавно здравје Охрид  констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност.
- Според тоа водата за пиење системот за водоснабдување од горенаведените села не е здравствено безбедна за пиење. Апелираме до жителите во овие села да избегнуваат користење на ваквата вода за пиење, а до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење. – велат од Ценатрот за јавно здравје.
 
 Центарот  за јавно здравје Охрид редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе информира за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села.
Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување.