Стартува Пролетната сезона од Третата македонска фудбалска лига

 

  Во сабота стартува Пролетната сезона од Третата македонска фудбалска лига  (југо-запад), кога Градскиот  фудбалски клуб  Охрид -Лихнидос на домашен терен ќе ја пречека екипата на Преспа од Ресен. Натпреварот ќе се одржи во СРЦ Билјанини Извори со почеток во 14 часот. Во составот на охридската екипа се  играчи кои доаѓаат од спортската фудбалска академија и неколку искусни играчи кои останаа во клубот предводени од Александар Бакулески, кој ќе ја има улогата на тренер и играч.