Црква "Св. Димитрија" - Велгошти

 Велгошти е охридското село со голем број цркви, интересни како за мештаните, така и за странските посетители. Околу 500 метри југоисточно од центарот на селото се наоѓа минијатурната капела Свети Димитрија, изградена 1983 година, на местото каде  некогаш имало црква посветена на светецот Димитрија. Црквата Свети великомаченик Димитриј најпосетувана е на празникот Митровден кога верниците палат свеќи, но и носат многубројни подароци со молитви за здравје, среќа и бериќет. Приложенава фотографија е само доказ колку убавини се содржани во ова место, па овој зимски  ноќен пејзаж буди благопријатни чувства и желба да се посети ова мало здание кое зрачи со верба и духовност.







фото: Благоја Достиноски