125 години од смртта на Прличев

Оваа година се одбележуваат 125 години од  смртта на големиот охридски поет Григор Прличев. По тој повод, во рамки на годинешните Прличеви беседи најавени се бројни активности во негова чест.  Во просториите на НУ Центар за култура Григор Прличев во понеделник во 12:45  часот ќе се отвори изложба на ликовни уметници, а во 13 часот е закажана свеченост посветена на лауреатот на наградата Григор Прличев за најдобра поема за 2017 година.  Во вторник, на 6-ти февруари во 11:30 часот, пред бистата на поетот Григор Прличев, ќе биде положено цвеќе. Беседа за Прличев ќе одржи поетот Разме Кумбароски од Друштвото на писатели на Македонија. Во 13 часот ќе биде промовирана книгата  Сага за Охрид од новинарката Валентина Нелоска, по што ќе се одржи традиционалната Охридска визита.  Свеченостите ќе завршат со приредбата по повод патрониот празник на ОУ Григор Прличев, која ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот.