Најмладите - верни продолжувачи на традицијата!

Најмладите василичари вечерва пристојно ја одбележуваат традицијата, организирани во дружини ги посетуваат охридските домаќинства пеејќи:
Сива, сива, Василица
Каде си се осивила
Таму горе на Бел Дунав
Што имаше што немаше
Златна чаша – иконата
Да служиме Млада Бога
Божик ми е на Небото
Слава ми е по сва земја
Слава теби Господи”
Децата неизбежно е да се  даруваат со колбаси, чоколатца, мандарини и други слатки производи.
За многу години Василица!