Првите весници на пролетта украс на охридските дворови

Предвесниците на пролетта уште пред Новогодишните празници изникнаа во охридските дворови. Мали, кревки, но истовремено доволно силни, кокичињата им пркосат на студот и зимата, и се појавуваат како цвеќе на надежта, за да не потсетат дека после студот доаѓаат денови исполнети со сонце и топлина. Но, мора да признаеме, во овој период зимата во Охрид и Македонија воопшто, е навистина блага без големи студови и со температури кои не се вообичаени за овој период од годината. Релативно топло време се очекува и во текот на наредните денови, со благ пад на температурите чии максимум ќе биде до 8-от степен од Целзиусовата скала, а облаците и понатаму ќе бидат присутни и се очекува да донесат повремени врнежи од дожд.