Ледени коцки - рецепт

Рецептот за ледени коцки е она што ви нудиме да приготвите како десерт за вас и вашите најмили. Постојат повеќе варијации на овој рецепт, ние ви ја нудиме онаа оригинална постапка за вистинско уживање.
Потребни состојки:
За пандишпан:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
2 лажици какао
Ванила
Прашок за пециво
Убаво се матат јајцата со шеќерот, се додава постепено брашното во кое се промешани какаото, ванилата и прашокот за пециво. Кога ќе се добие хомогена смеса, се истура во подмачкан плех и се пече на 200˚C .
Кога пандишпанот ќе се испече се остава да олади, а во меѓувреме се приготвува шербет од 300 грама шеќер и една шолја вода, и со готовиот шербет се прелива тортата.
За филот потребно е:
половина литар млеко
5 лажици густин
250 грама маргарин
200 грама шеќер во прав
Млекото се става на оган, и кога ќе почне да врие во него со постојано мешање се додава густинот растворен во млеко, па се трга од оган да се излади. Во изладениот фил се миксира маргаринот претходно изматен со шеќерот во прав. Се става врз тортата, а на крај се топат 2 чоколади за готвење и со нив се прелеваат ледените коцки