Охридската чаршија

         Според белешките на турскиот патеписец Евлија Челеби од XVII век, Охридската чаршија зафаќала доста голем простор од предградието. Овде се наоѓале сите најнеопходни занаетчиски работилници, и трговски дуќани.
 
          Евлија Челеби набројува сто и педесет дуќани, три бесплатни конаци и три анови. Имало седум кафеани, во кои се состанувал образованиот свет. Меаните биле сместени во ритчестиот дел на градот, каде што живеело христијанско население.
 
          Повеќе дуќани во старата чаршија се изградени од делкан камен, во текот на XIX век. Од зачуваните дуќани, најголем број биле во сопственост на охридските ( македонски ) трговци, што се дознавало од фирмите што се наоѓале во горниот дел на фасадите.
 
          Покрај имињата и презимињата на трговците, тука се пишувале и годините, па дури и месецот кога некој дуќан бил изграден.