Драстичен пад на цената на возилата во Германија

Во Германија дизел возилата драстично ја губат цената бидејќи многу градови го ограничуваат нивното движење во градот. Дизелите „евро 5“ одамна не можат да се продаваат, а сега е стопирана и продажбата на половни возила „евро 6“.

Продавачите во Германија немаат многу избор од системот старо за нов – доаѓаат понови дизел возила „евро 6“, кои поевтинуваат, наместо да ја задржат цената. Проблемот е што за нив нема купувачи освен оние кои доаѓаат од Балканот.

Севкупно, на улиците во Германија чекаат околу милион дизели, главно според стандардите „евро 5“ и „евро 6“.

 
 

Ова е половен „пасат“ еуро 6, го продававме 29.000 евра, сега го нудиме за 21.000 евра и никој не го сака. Понатамошното намалување на цената не води до голема загуба – вели Акај Гунд Хасан, продавач на половни возила во Германија.

А загубата на дилери на автомобили во Германија се зголемува, многу од нив прогласуваат банкрот поради лошата ситуација.

Според нашите проценки, моментално во рацете на ракувачите има 350.000 Еуро 5 дизели. Таму се заробени повеќе од пет милијарди евра. Тие чекаат клиенти во просек по 106 дена, секој ден секој автомобил ги чини дилерите по 28 евра дневно – истакнува Урлих Кендлер од Здружението на продавачи.

Не е тајна дека најголеми купувачи на овие автомобили се Србите, Хрватите, Бугарите и Македонците.

Минатата година, иако Хрватите купија 30.000 нови автомобили, продадоа и 10.000 понови половни автомобили, сличен сооднос за другите балкански земји.

Кај нас трендот е сосема спротивен, сè уште увезуваме возила „евро 3“, додека понови дизели има само 15 проценти.

Извор – Кариера.мк

Фото – Pixabay