ВИДЕО: Рекордно чистење на Тихиот Океан – извлечени 11 тони пластика

Компанијата The Ocean Cleanup, непрофитна организација специјализирана за чистење на океани, во текот на минатата недела при чистењето на Тихиот Океан извлече 11.353 кг пластичен отпад. Овој потфат е едно од најголемите чистења на океан во историјата.

Секоја година милиони тони пластика завршуваат во океаните или стигнуваат во речните текови. Ако не се преземе ништо, пластиката се повеќе ќе ги загадува нашите екосистеми, здравјето и економијата. Основниот мотив на чистењето на океаните од пластика и другиот отпад е здравата еколошка средина.

Чистењето на океаните се врши во две фази. Прво се собира пластика по различни избрани делови од океанот, а потоа со специјална технологија се извлекува на брод за посебна намена.

Покрај океаните, се чистат и речните текови затоа што преку нив пластиката стигнува до океаните. Целта е пластичниот отпад кој плови по океанот да се намали за околу 90% до 2040 година.

За чистење на мапираниот дел од Тихиот Океан минатата недела се користел модерниот System 003.

(N1)

(фото: X)

www.inovativnost.mk