Утре напладне промоција на „Зборовите гром и веда“ од Смиле Наумоски Брсјак

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре – петок во 12 часот ќе биде промовирана книгата – поезија  „ЗБОРОВИТЕ ГРОМ И ВЕДА – совршенство или совршенство“ дело од роднокрајниот  поет, писател и есеист Смиле Наумоски Брсјак.

Оваа книга тој ја создал во перидот од 2010 до 2018 кога се јавил на конкурсот што го распишува Министерство за култура. Книгата излезе од печат во почетокот на јуни 2019. Желбата на поетот бешен во Библиотеката  да направиме промоција на 25 март 2020, но заради Ковид пандемијата и  забраната за собири, промоцијата не ја реализиравме.

Заради зафатеност со творештво и други обврски на авторот а што ги создава животот, пред месец-два, за промоција ја одредивме утрешната дата.

За книгата ќе говори поетесата Маја Мојсова, а со неколку песни ќе ви ја претстават поетесата Алаксандра Димоска Алексијевска и, се разбира, авторот на „ГРОМ И ВЕДА“ Смиле Наумоски Брсјак.