Конкурс за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:

 

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ

 

Услови за учество на Конкурсот:

  1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република  Македонија;
  2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:

ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;

 

  • Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
  • Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г.;
  • Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2023 г.

 

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

 

Доставените трудови не се враќаат.