Цветни балкони - цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

  • улица: “АСНОМ“,
  • улица: “Јане Сандански“,
  • улица: „Никола Карев“
  • улица: “Сирма Војвода“,
  • улица: “Карпош Војвода“,
  • улица: “Галичица“,
  • улица: “Ванчо Питошески“,
  • улица: “8-ми Септември“,
  • улица: “Мирче Ацев“,
  • улица: “Лазо Трпоски“.

Акцијата ќе се реализира на 05(понеделник) и 06 јуни(вторник) 2023 год.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид  на 05 јуни (понеделник) и 06 јуни (вторник) 2023 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.