Франција инвестира 2 милијарди евра за промоција на возењето велосипед

Владата на Франција планира во текот на наредните години да инвестира огромни финансиски средства во промоција на велосипедизмот.

Иако велосипедизмот е многу популарен во оваа европска држава, целта на властите е да воведат дополнителни мерки за што повеќе луѓе да го користат ова превозно средство.

Француската влада планира да инвестира приближно 2 милијарди евра до 2027 година во промоција на велосипедизмот. Оваа инвестиција, која исто така има за цел намалување на употребата на моторните возила, подразбира да се зголеми должината на велосипедските патеки од сегашните 50.000 на 80.000 километри.

Во Франција годишно во просек се продаваат 3 до 4 милиони велосипеди.

 
 

(Danas)

(фото: Pxfuel)

www.inovativnost.mk