Успешно заврши есенскиот циклус "Полетарче" - дел од програмата на Црвен крст -Охрид

Успешно заврши реализацијата на есенскиот циклус на ПОЛЕТАРЧЕ-Програмата за подготовка на деца за во  училиште во организација на Црвен крст Охрид. Ја посетуваа деца од 3-5 годишна возраст, кои сѐ уште не тргнале на училиште.

Децата на возраст од 3-5 години кои во претходните 3 месеци ја следеа програмата, имаа единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

На последниот час, од страна на тренерот на оваа програма, на децата им беа поделени сертификати за следење на програмата Полетарче и новогодишни подароци.

Новиот, пролетен циклус на ПОЛЕТАРЧЕ - Програмата за подготовка на деца за во  училиште ќе започне во февруари 2023.