Нови резервоари за вода во Свињишта и Лакочереј

По налог на Општина Охрид започнаа градежните активности за реконструкција  на резервоарот за вода  и изградба на нов цевковод во с. Свињишта. 

Проектот се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа во вредност од 335 191 денари.

Во моментов се работи и на реконструкција и санација на резервоарот  за вода во с. Горно Лакочереј. Вредноста на проектот е 1 354 247 денари.

Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.

По овие активности  се очекува  подобрување на  системот за водоснабдување и поквалитетно приклучување кон системот за вода на сите домаќинства од овие селски средини.

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk