Нова фекална канализација на улица "Даме Груев"

 Денеска започнаа градежните активности  за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“ на потегот кај Старото кино. 

Вредноста на проектот е 900 000 денари и е дел од годишната програма на Секторот  за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.

Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена.

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk