Донација за првооделенци од социјално загрозени семејства во Охрид

Во рамките на своите хуманитарни активности и соработката со корпоративниот сектор Црвен крст Охрид ја истакнува високата општествена одговорност на компанијата ПН Метал од Охрид која доделува школски ранци и прибор на 50 деца од социјално загрозени семејства во Охрид, првооделенци во сите основни училишта во Охрид.

Денес во 12 ч. во ООУ Братство Единство Охрид (Крстџамија) од страна на претставници на компанијата ПН Метал и Црвен крст Охрид ќе биде поделена дел од оваа донација.