ОХРИД – ГРАД КОЈ ЌЕ ВЕ ОСВОИ НА ПРВ ПОГЛЕД

По што е толку посебен Охрид? Зошто да го одберете како своја дестинација. Има безброј причини за тоа, а ние ви посочуваме само десет:

ШТО ДА ПОСЕТИТЕ ВО ОХРИД

1. Затоа што има волшебно сино Езеро, со кристално чиста вода, кое личи на море
2. Затоа што има модерно уредени плажи, но и скриени, диви плажи кои се карактеризираат со нечепнат природен амбиент и интимност
3. Затоа што има фасцинирачка природна убавина која ќе ве освои на прв поглед
4. Затоа што има стотици културно-историски споменици
5.  Затоа што има специфична стара архитектура – високи бели куќи со карактеристични темни рабови и рапави тесни калдрми наместо дворови.
6.  Затоа што во него се одржуваат бројни културни манифестации
7.  Затоа што има богат летен ноќен живот, бројни кафулиња и барови во кои главната забава почнува пред полноќ
8.  Затоа што можете да имате мирен тивок одмор, но и одмор полн со адреналин, во зависност од ракурсот на вашите сетила и афинитети
9.  Затоа што има пријатна клима, која е благодет за телото и духот
10.  Затоа што знаете дека вистинските бисери се ретки, а Охрид ги има своите оригинални бисери.
Всушност, сите кои го посетиле Охрид, велат дека е – БИСЕР.
11. Затоа што можете да уживате во кулинарските специјалитети на македонската традиционална кујна и во рибата која е надалеку позната по својот вкус – охридската пастрмка

ШТО ДА ПОСЕТИТЕ ВО ОХРИД ?

Пронајдете го вистинското место за вас