Ноќниот ритам вo Oхрид е уште едно големо и незаборавно искуство за сите посетители и гости. Класични концерти, концерти на познати балкански музички ѕвезди (понекогаш и по неколку во иста вечер), фолклорни концерти, настапи на познати светски диџеи, свирки ”во живо” на секој чекор, па дури и музика на уво за боемите. се чини дека никој не спие. Охрид во лето живее интензивно ноќе.
Од ноќниот живот во Охрид восхитени се и странците и гостите од Македонија. Откако денот ќе го поминат сончајќи се на бројните охридски плажи и уживајќи во баровите покрај нив, тие ја продолжуваат забавата во центарот.
Најпосетени секако се кафулињата и ноќните клубови во строгиот центар, на Плоштадот и оние крај Езерото каде некогаш ќе треба да чекате да најдете слободно место. Кога ќе зајде сонцето, клубовите на плажите се претвораат во ноќни клубови, а познати DJ—И ја подигнуваат атмосферата до вриење. Сцените се живи и разновидни, со различни музички тонови, а места за играње и дружење има на секој чекор.