Излетничко место - Скребатно

Кога од Охрид се патува за Битола во селото Лескоец се забележува патоказ кој насочува кон Скребатно и црквата Света Богородица.
Скребатно се наоѓа во пазувите на планината Петрино, на 1200 метри надморска височина и на девет километри оддалеченост од селото Лескоец, во мошне пејсажен предел.

ШТО ДА ПОСЕТИТЕ ВО ОХРИД

Во самото село живеат само неколку жители, но тоа постојано се обновува од старите жители на ова место, па така сега e едно од најуредените излетнички места во Македонија.
Околината изобилува со ливади, шума, река со мали водопади, чешма со вонредно студена вода, рибник,слапови и изворчиња, кујна  опремена со прибор за 5.000 гости, отворени шанкови, скари, изѕидани фурни каде можете да направите ѓомлезе, и маси за ручање на повеќе места во комплексот.
ма чешми, уредени и чисти тоалети, приклучоци за струја низ целиот комплекс, спортски терени за мал фудбал, кошарка и ракомет. Сето тоа е на располагање на посетителите 24 часа без никаков надоместок.
Се што треба да понесете е вашата добра волја и храна. Ако заборавите сол, масло или кафе не грижете се е таму во кујната и шанковите тоа ви е на располагање како и целокупен кујнски прибор, скара со се дрва, и други ситници се разбира без надомест.

Освен уреденоста на просторот, ќе ве восхити и посветеноста на сите Скребаштани кои во минатото го напуштиле селото и се иселиле во Лескоец, Охрид па и подалеку, на нивното родно место, посебно на црковниот имот кои тие го викаат Манастир.Тука доаѓаат речиси секојдневно кога временските услови тоа го дозволуваат и го одржуваат местото.

Во Скребатно по повод повеќе празници се организираат забавни програми, концерти и сл. Најголем настан е прославата на Света Богородица 28 август. Тоа е денот на заштитничката Света Богородица. Цела година Скребаштани се подготвуваат за тој ден, а го празнуваат цела недела. Обичај од памтивек е црквата да дели ручек од овчо месо, сервирана во земјени чинии и дрвени лажици. Со неа се служи прекрасен селски леб печен во домашни фурни на дрва. За таа цел се колат 50-80  овци и јагниња, а манџата се готви истиот ден во големи бакарни котли. Тој ден се послужуваат околу 5.000  ручеци и тоа за само еден час. Доживување е да се види тоа.
 
Последниве години во Скребатно пред крајот на летото се организира и манифестација со која симболично се заокружува охридската туристичка сезона, а на која посетителите и бројните туристи можат бесплатно да вкусат специјалитети од охридската традиционална кујна и пиалаци од домашно производство, како и да го проследат натпреваеувањето во подготвувањето на најубаво ѓомлезе. 

ОХРИД – ГРАД КОЈ ЌЕ ВЕ ОСВОИ НА ПРВ ПОГЛЕД

Зошто да го изберете Охрид за ваша дестинација?