Во сабота вонредна крводарителска акција - "Подај рака за живот! Дарувај крв!"

За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција. 

 Акцијата ќе се реализира на 10.09.2022 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“  во периодот од 10-14 часот.

 Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција. - апелираат од Црвен крст Охрид.