Петто издание на Меѓународната уметничка колонија во организација на Здружението "За Трпејца со љубов"

Од завчера до утре 6 септември во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.

На колонијата творат уметниците: Мајкал Клос од Канада. Владисав Богичевиќ од Ниш - Србија, Петрит Лараку од Поградец - Албанија и  Наташа Попоска - Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.



Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и со мештаните.

Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“  а покровител е Општина Охрид.