Кинези осмислија наноматеријал кој може да го спречи КОВИД-19

Истражувачи од Институтот за напредна технологија Шенжен, Националниот центар за нанонаука и технологија, Институтот за физика за висока енергија и Институот за зоологија Кунминг развија наноматеријал кој ги таргетира САРС-КоВ-2 вирусите и ги стопира, се вели во напис објавен во весникот South China Morning Post.

Материјалот ефективно делува на сите варијанти на КОВИД-19 и може да биде потенцијално револуционерна терапија за борба против пандемијата во иднина. Наноматеријалите се материјали кои се долги само еден милијардити дел од метарот. Овие посебни наноматеријали се викаат CIPS затоа што се направени од бакар, индиум, фосфор и сулфур.

CIPS имаат способност селективно да се врзуваат за шилестиот протеин на корона вирусот и со тоа ефективно да го блокираат процесот на инфицирање и засилување на ефектите на вирусот.

 

Научниците велат дека материјалот кој го создале буквално е стапица за корона вирусот. Како што знаеме од претходно, вирусот се шири во телото со помош на шилестиот протеин и ако тој се оневозможи на кој било начин, ќе се стопира и самиот вирус.

CIPS го ловат вирусот и формираат стабилно соединие, кое потоа се елиминира преку макрофагите на телото. Тие се големи бели клетки во човечкиот имунолошки систем кои дигестираат странски супстанции и ги исфрлаат.

„Експериментите покажаа дека CIPS ефективно го стопира заразувањето на клетките, органоидите и глувците и ефективно го олеснува воспалението на белите дробови кај глувците предизвикано од вирусот САРС-КоВ-2“, велат научниците.

Наноматеријалот кој го создале е доволно евтин за да може да се почне со масовно производство и ќе има широка примена.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

www.inovativnost.mk