Швајцарските глечери исчезнуваат со рекордна брзина

Ново истражување покажа дека глечерите во Швајцарија изгубиле повеќе од 1/2 од својот волумен за помалку од 100 години, а ова долго лето го забрза губењето на ледот.

Глечерите привлекуваат скијачи и планинари, но исто така се клучни за снабдувањето на Европа со вода.

„Веројатно сме меѓу првие луѓе кои се движат овде. Можете да ја видите оваа голема карпа која се гледа зад нас, а пред 45 или 50 години била целосно покриена со лед. Кога ја правевме оваа жичарница, моравме да копаме мраз длабок со 7 метри поради нивото на коешто беше. Тоа беше пред 23 години, а погледнете сега каде е глечерот. Во наредните неколку години ќе се менува многу брзо и тоа не тера да размислуваме за иднината, за водата и глечерите, за тоа што ќе се случи со нас во Швајцарија и со луѓето ширум светот. Тажно е ова што се случува. Ние можеме да дадеме придонес да го забавиме топењето, но не можеме целосно да го стопираме, барем не на оваа висина“ вели Бернард Чанен.

Карпата прикажана на видеото била покриена со лед илјадници години, а сега се гледа каменот поради топењето на ледот. Швајцарските глечери се намалиле за повеќе од половина во изминатиот век и исчезнуваат со рекордна брзина после топлотните бранови кои се забележани летово, пишува BBC.

Ледот ги поврзува врвовите од планините и ги држи заедно, а како што се топи карпите стануваат нестабилни. Бернхард го покрива остатокот од мразот и снегот со бели платна кои ја одбиваат сончевата топлина. Инаку, глечерите ги полнат европските реки со вода и наводнуваат посеви. Без вистински напори во борбата против климатските промени, научниците тврдат дека глечерите може да исчезнат за неколку децении.

(Klix.ba)

(фото: Needpix)
Извор: www.inovativnost.mk