Нови наслови од издавачот „Книгохоличари“ во НУ Библиотека "Григор Прличев"

Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  побарајте ги следните нови наслови со кои е збогатен библиотечниот фонд: 

„Ирене“ и „Крвава венчавка“ од Пјер Лемтер, „Овој човек“ од Џоди Елен Малпас, „Париската сопруга“ од Пола Меклејн и „Затвори ги очите“ од Рејчел Абот.

Сите книги се од издавачката куќа „ Книгохоличари“.

Потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

До почетокот на септември, НУ Библиотека за читатели е отворена секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.