Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“  во Охрид и тоа денес, 8 август (понеделник) во периодот од 19-24 ч. и утре,  9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч.

Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.