Изложба на книги од роднокрајни автори родени во август

Пред пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид веќе е поставена изложбата на книги од роднокрајни автори родени во месец август.

Традиционално и на овој начин потсетуваме на нивните родендени и на нивното богато творештво.

Во август се родени: Радослав Петковски, Ангеле Грозданоски, Живко Чинго, Славе Николовски – Катин и Кристина Т. Рудевска.