Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид

Оваа недела од најновата набавка во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ви предлагаме да ги побарате и да ги прочитате следните книги:

„Солта во морето“ од Рута Шепетис,  „Моја до полноќ“ од Лиса Клејпас, „Тајниот говор“ од Том Роб Смит и „Умри за мене“ од Синтија Идн. Четирите наслови се во издание на Сакам книги и се најавуваат како бестселери на престижниот Њујорк тајмс.

Во овој избор влегува и книгата „Пред да те пуштам да заминеш“ од Кели Ример.

Да потсетиме библиотеката до почетокот на септември работи од 8 и 30 до 16 часот од понеделник до петок а годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.