Во Трпејца заврши манифестацијата „На зајдисонце“

Со авторската вечер посветена на композиторот и хармоникаш д-р Гоце Џуклески,  синоќа во Трпејца беше заокружено единаесеттото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.

Гости на Џуклески беа неговите пријатели и соработници – естрадниот уметник Мирко Вретоски и Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Инаку, во вторникот и средата, најмладите преку цртежи уште еднаш го овековечија зајдисонцето во Трпејца.

 Публиката виде и дел од сликите изработени на минатогодишната, четврта Уметничка колонија која секој септември се одржува во Трпејца, а настапи и танчaрската група „Dancin Angels“. Вечерта заврши со гостувањето на д-р Анис Сефиданис кој на гледачите на популарен и интерактивен начин ги воведе  во светот на компјутерите и роботиката.

Во Трпејца гостуваа и оркестарот и пејачката група на Фолклорниот ансамбл „Ѓердан од бисери“ од Охрид.



Претходно беа доделени и наградите за најдобри фотографии на тема Трпејца. Рамноправно првата награда ја делат Кристина Ламбеска, Наташа Аврамовиќ и Наташа Поповиќ – Таневска од Скопје.




Наградени беа уште три фотографии дело на Сања Никева од Охрид, Наташа Здравеска од Прилеп и Ана Ваневска од Скопје.

Специјално беше награден и Христијан Јанкуловски од Охрид кој континуирано ја поддржува манифестацијата со хронолошко регистрирање на дел од настаните.