Нови наслови од издавачот „Книгохоличари“ во НУ Библиотека "Григор Прличев"

Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следните пет нови наслови од издавачот „Книгохоличари“:

„Од сирак до ѕвезда“ од Мерлин Монро, „Првата жена фараон“ од Полин Геџ, „Француската куртизана“ од А. Г. Морган, „Љубовно писмо до виски“ од Кенди Стајнор и „Мајски рози“ од Дот Хачинсон.

Зачленувањето во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари за една година.

Библиотеката со читатели овој летен период работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16 часот.

Годинава за прв пат веќе функционира и 24 часа  отворената библиотека наменета за туристите а е лоцирана пред влезот на одделот за зајмување.

Во неа може да се зајмат но и да се донираат книги. Ова  е понуда плус за посетителите на Охрид. 

Во понудата  има книги од македонски автори, но и белетристика на англиски, германски и други јазици.