Од кујната на Виолета - сараевски бурек

И овој четврток нашата неуморна и креативна Виолета подготви интересен и вкусен рецепт за вас. 

Еве како најбрзо да подготвите сараевски бурек: 


Потребно е: 

750 грама брашно 
1 лажица сол
450 мл вода 

За фил:

700 грама мелено месо
2 главици рендан кромид 
сол
мешан зачин 
бибер 

Се меси убаво тестото и се дели на 5 топки. Секоја топка се расукува и се намрсува со масло за јадење, се покрива со фолија и така се остава да омекне и убаво да се тегне (може да се стави и во ладилник преку ноќ, и утрото да се направи).

Корите се тегнат една по една на чаршаф а може и на масло. Кога кората е убаво истегната двете подолги страни се преклопуваат на средина, се прска масло, се става од меленото месо кое претходно е само измешано, а потоа по 10cm од пократките делови се преклопуваат навнатре. Се рола со помош на чаршафот и се оформуваат буречињата како банички. Се ставаат на подмачкан плех и се печат на 200C , 25-30 минути. 


 

Поврзани блог статии