Од кујната на Виолета - непечена торта со банани

Нашата кујна неуморната и креативна Виолета ја збогатува со уште еден неодолив рецепт. 

Еве како лесно, брзо и едноставно да подготвите непечена торта со банана: 

Потребни се бисквити за три слоја
500 мл слатка павлака
200 грама шеќер
2 банани исецкани на кругчиња 

Сите состојки заедно се матат со миксер до потребната густина. 

Во округло тавче со обрач се редат бисквити да се исполни убаво, без празнини. Со силиконска четка се премачкуваат бисквитите со млеко. Врз нив се истура една третина од хоплата, повторно се ставаат бисквити, и наизменично повторно хопла, бисквити, па се завршува со хопла. 

Врз тортата се ренда чоколадо за декорација. 


На здравје! 

Поврзани блог статии