Од кујната на Виолета - лажна баклава

Денес во нашата кујна неуморната и креативна Виолета ни подготви лажна баклава. 

Многу едноставно и вкусно, еве како да го подготвите овој десерт:

4 јајца
8 лажици шеќер
1 шолја млеко
1 шолја масло за јадење
200 грама гриз
1 шолја брашно
1 шолја мелени ореви
1 шолја мелени лешници
прашок за пециво 

Од наведените состојки се прави смеса која треба убаво да се испече. Испечениот колач се попарува со шербет од 3 шолји шеќер, 2 ванилин шеќер и 3 шолји вода.

Попарениот колач се посипува со мелени ореви. 




На здравје! 

Поврзани блог статии