Промоција на стрип албумот "Бестрашниот" од Дарко Богданов

 Денес, 30 јуни, ќе се одржи промоција на стрип албумот "Бестрашниот" од докажаниот и еден од најактивните стрип автори во државата, Дарко Богданов. 

Промоцијата ќе се случува во КИЦ "Култура 365" , а почетокот ќе биде во 20 часот. 



"Бестрашниот" како издание беше планирано да излезе од печат многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш овој стрип албум го ставаа во заден план. Но, еве сега, конечно, после повеќе од 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед. - изјави Богданов. 

Стрипот финансиски е поддржан од Министерството за култура како дел од годишната програма од национален интерес за 2021 година.