Нема веќе лажење – возраста на корисниците на Instagram ќе ја проверува вештачка интелигенција

Instagram ги смени правилата за приватност околу прикажувањето на содржините за тинејџерите за да ги заштити малолетниците од штетни содржини на мрежата, но младите таквите правила ги заобиколуваат без никакви проблеми.

Но, таквата форма на лажење на Instagram наскоро ќе биде невозможна, барем за корисниците во САД и оваа социјална мрежа во Америка ќе почне да применува нови методи на потврдување на возраста на корисниците.

Една од трите нови методи може да биде контроверзна затоа што вклучува снимање селфи видеа. Останатите две методи вклучуваат прикачување на фотографија од лична карта и споредување на нивната возраст со тројца полнолетни корисници кои имаат профили на Instagram.

За препознавање на годините преку снимените селфи видеа Meta ќе ги користи услугите на британската компанија Yoti. Нивната технологија базирана на вештачка интелигенција ќе ја одредува точната возраст на корисниците врз основа на нивните фотографии и видеа. Според досегашните истражувања, грешката во проценката на возраста кај деца од 6 до 12 години е само 1,36 години, додека таа бројка за младите на возраст од 13 до 19 години е 1,52 години.

Технологијата треба својата работа да ја врши точно и прецизно, а после препознавањето на годините, и двете компании ќе ги избришат селфи видеата. Од Metа посебно нагласуваат дека овде не станува збор за препознавање ан идентитетот, туку само анализа со која се одредува возраста.

(AP News)

(фото: Pixahive)

www.inovativnost.mk