Од кујната на Виолета - мини тортички

Овој четврток нашата креативна и неуморна Виолета ни подготви мини тортички. Што се е потребно и како се подготвува овој десерт, проследете во продолжение:

6 јајца
2 филџани шеќер
2 филџани брашно
1 филџан масло
5 лажици врела вода
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво

Фил:

300 мл млеко
1 пудинг од ванила
5 лажици шеќер
250 мл слатка павлака
Готово полнило од вишна.

Најпрво се двојат белките од жолчките. Белките заедно со шеќерот се бијат за да се добие цврста бела смеса, се додаваат жолчките, водата, маслото, ванилиниот шеќер се додека се соединат. Се исклучува миксерот и се додава брашното промешано со прашокот за печиво. Се истура во плех 30х35 обложен со хартија и се пече 15 мин на 200°С.



 Откако се испече се отстранува хартијата и со чаша се сечат кругови. Пудингот заедно со млекото и шеќерот се варат додека да згусне. Треба добро да олади. Слатката павлака во длабок сад се мати додека зацврсти и малку по малку му се додава од оладениот пудинг и се мати додека се соедини и се добие кремаста структура. Се лепат по две со филот. Со готварски шприц се прави обрач од фил и му се става по едно мало лажиче од готовото полнење од вишни.