Од кујната на Виолета - филувано трилече

Денес во нашата кујна креативната Виолета ни подготви уште еден неодолив рецепт кој сигурно и вам ќе ви се допадне, особено ако сте љубители на трилече. Разликата од стандардниот начин за подготовка на овој десерт е тоа што ова трилече е филувано.

Потребно:

6 јајца
12 лажици шеќер
200 гр брашно
1 прашок за печиво
2 ванилин шеќер
500 мл слатка павлака
200 мл кондензирано млеко
200 мл млеко
4 лажици карамел

Најпрво се подготвува пандишпанот.
Се двојат белките од жолчките, се матат со миксер заедно со шеќерот, им се додаваат жолчките и се мати се додека не се добие убава густа смеса. Се исклучува миксерот и постепено се додава брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер. Се меша со жица за матење и се истура смесата во плех со димензии 20х30 обложен со хартија за печење. Се пече на 200°С-15 минути. Се вади од рерната и се отстранува хартијата за печење.

Во меѓувреме се подготвува преливот со 200 мл. слатка павлака, 200 мл. млеко, 200 мл. кондензирано млеко. Се тура половина од преливот во тавата каде се печеше пандишпанот, се боцка со вилушка на неколку места и му се дотура преостанатиот прелив од млека. Се остава 15 минути убаво да ја впие целата течност. Врз пандишпанот се премачкува готов карамел. 300 мл слатка павлака се мати со миксер се додека се добие цврст шлаг и со шпатула се нанесува врз карамелот. Се остава еден час во фрижидер, се сече и е подготвено за дегустација.

На здравје!