Кинески научници клонираа свињи со помош на вештачка интелигенција

Тим од кинески научници од Универзитетот Накаи создадоа целосно автоматизирана метода за клонирање свињи.

Кина моментално е најголемиот производител и потрошувач на свинско месо во светот, а популацијата на свињи во земјата е поголема од 400 милиони.

Потрошувачката на свинско месо по жител е од 30 до 35 кг. Најголем дел од месото што се јаде во Кина е свинско, а достапните залихи никогаш не се доволни. Поради тоа Кина мора да увезува милиони тони скапо свинско месо секоја година, а дури и во 2021 година увезле 3,31 милиони тони свинско месо.

Меѓутоа, Лиу Јаовеи, еден од научниците од Универзитетот Накаи, верува дека автоматизираната метода на клонирање базирана на вештачка интелигенција може значително да ја зголеми кинеската популација на свињи и да и овозможи на земјата да стане самоодржлива во поглед на производството на свинско месо.

Битен факт тука е дека месото на клонираните свињи не е исто со месото одгледано во лабораторија затоа што тоа се прави од култивирани клетки во лабораториски услови, додека клонираното месо се прави од клетки на „оригинал“ свињи.

Клетките на клонираните животни може да се користат и за производство на месо одгледано во лабораторија. Методите кои моментално се користат за клонирање бараат учество на луѓето во различни фази од процесот, а тоа го зголемува ризикот од грешки во текот на клонирањето и уште неколку компликации.

Кинескиот научник Пан Денгке, кој е познат како изумител на методата за клонирање свињи со помош на роботи, претходно создаде илјадници клонови на свињи со помош на SCNT. Поради тешкотиите со кои се соочувал во текот на процесот, тој добил сериозни повреди во грбот. Затоа Денгке верува дека новата метода базирана на вештачка интелигенција ќе донесе револуција во клонирањето на свињите.

Тимот научници од Универзитетот Нанкаи исто така клонирале свињи со помош на роботи во 2017 година, но таму морало да има учество на луѓе. Во споредба со клонирањето свињи со кое управува човек, роботското клонирање свињи е многу поуспешно затоа што роботите не прават грешки. Затоа сега тие развија целосно автоматизиран процес, во кој не учествува човекот.

Новиот систем кој се базира на вештачка интелигенција и се елиминирани сите тешкоти со кои се соочуваат луѓето во текот на традиционалните методи за клонирање.

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

www.inovativnost.mk