Промоција на стихозбирката "Љубов" од група автори

Денес, сабота, во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана стихозбирката „Љубов“. Во неа се содржани околу 50 песни од исто толку македонски автори.  
 

Книгата е издадена на предлог од Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а поддржана е од МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, и е резултат на распишаниот заеднички поетски конкурсот на тема: „Љубов“.
 

Дел од авторите ќе ги прочитаат своите творби и ќе добијат по еден бесплатен примерок од книгата, откако ќе се случи промоцијата. Свој перформанс ќе има и естрадниот уметник , познатиот Драган Мијалковски, кој и самиот е канавтор.