Од кујната на Виолета - непечена торта со јагоди

И овој четврток со вас споделуваме уште едно слатко задоволство од кујната на нашата Виолета. Таа за денес ни подготви непечена торта со јагоди.

Потребно:

За подлога:

200 гр мелени плазма бисквити
100 гр мелени бадеми
120 гр растопен маргарин
500 гр јагоди

Фил:

500 гр хопла
100 гр шеќер во прав
1 желатин
6 лажици вода

Најпрво се мешаат бисквитите, бадемите и маргаринот и убаво се натапкуваат во тркалезен калап бр 24.

Јагодите се мијат, се чистат од дршките и убаво се бришат за да не бидат влажни. Се ставаат цели врз бисквитниот дел.

Желатинот со 6 лажици вода се меша во филџан да набабри. Хоплата заедно со шеќерот во прав се мати со миксер до цврста состојба. Желатинот се става во микробранова кратко да стане течно и малку по малку се тура во хоплата, се мати уште кратко и целиот фил се тура врз јагодите. Се става во фрижидер убаво да стегне.

Вкусен и сочен десерт кој плени!

Поврзани блог статии